Теориската основа на компјутерите ја има формализирано Алан Туринг во рамките на неговите истражувања.Според некои извори првиот компјутер, наречен З3 (Z3), бил измислен во 1941 година од германскиот инженер Конрад Зуце. Прототипот бил уништен во 1944 година за време на бомбардирањето на Берлин и неговата заслуга не се популаризирала најверојатно од политички причини. З3 бил релативно едноставен за програмирање и користел магнетна лента како меморија. Со ENIAC започнува Првата генерација компјутери која траела до 1959 година. Голем недостаток на компјутерите од оваа генерација бил загревањето на електронските ламби. Тоа барало дополнителни уреди за ладење. Брзината на тие компјутери била мала, имале и мала меморија, а за памтење на податоците се користела перфорирана хартиена картичка. Периодот од 1959 до 1964 година е познат како Втора генерација компјутери. Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што мож...
Search This Blog
Итсорија на компјутерите